Распоред: Работник против Вардар во првото коло од плеј-офот

Ракометарите на Вардар во првото коло од плеј-офот во домашното првенство ќе му гостуваат на Еурофарм Работник, беше утврдено со денешната ждрепка извршена во просториите на Ракометната Федерација на Македонија. Натпреварите од плеј-офот е предвидено да стартуваат од викендов, но дуелот во Битола меѓу Работник и Вардар ќе биде одложен поради обврските на двата клуба во европските натпреварувања.

Металург својот прв натпревар на домашната сцена сезонава ќе го има на домашен терен против Пелистер, додека во скопската пресметка од првото коло во плеј-офот Пролет ќе го пречека тимот на Бутел.

Дерби-пресметките меѓу Металург и Вардар, тимови кои доминираат на домашната ракометна сцена со години наназад, ќе се играат во петтото и во последното, десетто коло од плеј-офот.

Се вчитува...