Раул е мајстор за последни напади, повторно ја надмудри Барса (видео)

Кога е потребен гол во самиот финиш, тука Раул Гонзалес е ненадминлив да постави акција со која ќе ги натера противниците на капитулација. Тоа беше случај и во полуфиналето и во големото финале од Ф4 во Келн, а се повтори и на денешното полуфинале од Суперглоуб против Барселона.

„Вардарци“ имаа помалку од десет секунди по примениот гол, но Гонзалез зеде тајмаут и постави одлична акција, со која Кристопанс го проигра Циндриќ зад грбот на Сорендо, и лесна реакција на хрватскиот бек, кој и пред три месеци постигна гол со звукот на сирената против Барса.

Каталонскиот гигант сепак на полувреме замина со предност од 15-12.

Се вчитува...