Легендарниот шпански фудбалер и долгогодишен капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, го освои првиот трофеј како тренер. Тој го презеде кормилото на младинскиот тим на „кралевите“ до 19 години, и успеа да ги донесе до титула.
„Овие момци имаа одлична сезона. Голема е честа да се биде дел од овој тим. Овој трофеј е и за тебе, Ал, пријателе мој“, истакна Раул.
Во најголемиот дел од сезоната тимот до 19 години го предводеше Алваро Бенито, но доби отказ поради изречените критики кон сениорскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА