Раул: Игравме добро само кога имавме време добро да се спремиме

ЕКИПА на ЕП во Хрватска, 

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Раул Гонзалес немаше причина за задоволство по третиот пораз во низа во Вараждин, овојпат претрпен со очајната игра во второто полувреме против силната Данска.

„Првото полувреме го одигравме добро, но потоа Данска заигра уште подобро, целосно доминираше и ние немавме никаква шанса да го издржиме тој налет“ – истакна Раул Гонзалес за дуелот со Данска.

Македонскиот селектор даде и краток осврт за настапот на Македонија на овој европски шампионат.

„Првиот дел беше премногу добро. Мислам дека не сме навикнати да играме многу натпревари, бидејќи се потребни детални подготовки. Кога имавме време игравме на ниво, но тоа не беше случај во Вараждин. Вчера имавме шанса против Чешка, но не успеавме да стигнеме до победата. За да играме со ривали како Данска и Шпанија ќе ни треба повеќе време за подготовки бидејќи тие имаат подолг ростер за кој е неопходна детална анализа. Треба да сме задоволни од првата фаза, но треба да се знае дека ова е Европско првенство и многу е тешко против секој противник. Еден гол е решавачки на секој натпревар, никој не знае кој ќе игра во финалето бидејќи се е многу израмнето“ – истакна Раул Гонзалес.

Се вчитува...