Раул: Нашиот проблем денеска беше Шего

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Раул Гонзалес не го криеше разочарувањето што македонскиот национален тим не успеа да приреди изненадување на дуелот со Хрватска. Како човек на одлука македонскиот селектор го посочи противничкиот голман Марин Шего, кој со десетина одбранети зицери не дозволи мечот да влезе во неизвесна завршница.

„Знаевме дека е многу тешко да се игра против Хрватска и затоа стартувавме со „седум на шест“. Во одбраната со зоната 5-1 за момент им создадовме проблеми, но потоа се се смени кога Хрватска почна да игра „седум на шест“ и влезе во ритам. Нашиот проблем денеска беше Шего, кој беше перфектен, одбрани се што му шутнавме од шест метри и не ни дозволи да се вратиме. Имавме шанси во второто полувреме, но не ја искористивме шансата што ни се укажа. Некогаш имате среќа, некогаш тоа не е случај, но ние секогаш даваме се од себе, го правиме она што сметаме дека е најдобро за репрезентацијата. Ние се уште имаме шанси да ја минеме групата и ќе се фокусираме на тоа“ – изјави Гонзалес.

Се вчитува...