Разигрување за медал: Србија започнува против Италија, Словенија со Белгија, Хрватска и Црна Гора бркаат изненадување против Финска и Германија

Групната фаза од Евробаскетот донесе голем број на интересни средби по кои фаворитите се најдоа во разигрувањето за медал. Убедливо најдобри во првата фаза од натпреварувањето беа репрезентациите на Србија и Грција кои завршија со перфектен учиник во своите групи.

Најинтересно беше во „групата на смртта“ каде Босна и Херцеговина во последниот меч против Литванија одлучуваше за место во осминафиналето, но таму ќе се натпреварува балтичката земја. Со тоа беше испуштена прилика сите поранешни југословенски држави кои учествуваат на првенството да се најдат во „победничката фаза“.

Осминафиналето ни носи нови осум фантастични дуели во кои овој никој нема право на грешка. Првите средби ќе бидат одиграни на 10.09, а во нив силите ќе си ги одмерат Турција и Франција, Словенија и Белгија, Германија и Црна Гора и Шпанија и Литванија, а сите патници во четвртфиналето ќе ги дознаеме в недела по мечевите на Финска и Хрватска, Грција и Чешка, Србија и Италија, и Украина и Полска.

Доколку фаворизираните Србија и Словенија ги минат осминафиналната и четвртфиналната пречка реприза од минатогодишното финале ќе имаме во полуфиналето.

Се вчитува...