Размена што ќе го разгори летото: Роналдо во ПСЖ, Нејмар во Јувентус

Пари Сен Жермен и Јувентус подготвуваат размена на деценијата. Според „Диарио Гол“, Кристијано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Париз, а дресот на Јувентус би го облекол Бразилецот Нејмар. Двата клуба се обидуваат да направат маркетиншки потези со кои би ја покренале продажбата на дресови што секако треба да ги извлече од тешкиот финансиски период предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

„Диарио Гол“ тврди дека ПСЖ е подготвен да се откаже од услугите на Нејмар за да дојде до потписот на Кристијано Роналдо. Од друга страна, Јувентус е свесен дека Роналдо сепак има полни 35 години и не би имал против да го добие 28-годишниот Нејмар кој исто така е суперѕвезда.

Бразилецот подолг период не е срежен во Париз и бара да се врати во Барселона, но ова е нова идеја која исто така би можела да му се допадне. Јувентус му ја нуди истата плата што ја добива Роналдо, 31 милион евра по сезона, а Португалецот би добил уште повеќе ако се сложи да потпише за Пари Сен Жермен.

Се вчитува...