Маркос Алонсо разочаран од менаџерот на клубот Френк Лампард сака да го напушти Челси. Иако на стартот на сезоната поради повредата на новото засилување Бен Чилвел, Алонсо беше стартер, сепак дошло до големо разочарување кај Шпанецот поради тоа што на куп натпреварот со Тотенхем тој не се најде ниту на клупата за резерви, а неговото место го зазема Емерсон Палмиери.
Поради ова Алонсо побарал трансфер, а за очекување е тој да се врати во некој од тимовите во Серија А. Алонсо во Челси дојде од редовите на Фиорентина, тим во кој настапуваше од 2013 до 2016 година. За Челси Алонсо запиша 116 натпревари на кои постигна 19 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА