Разумот победи: Словенија ќе продолжи да игра на ЕП

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Словенија ќе го продолжи настапот на Европското Првенство откако разумот сепак победи кај челниците на Ракометната Федерација на оваа земја, по најавите за бојкот и напуштање на шампионатот пред вечерашниот дуел со Црна Гора. Словенечката федерација ќе ја официјализира одлуката на прес-конференцијата закажана за 16 часот, на која ќе даде аргументи за целокупните случувања, но ЕКИПА дознава дека одлуката е донесена, и таа нема да биде погубна за ракометот на оваа земја.

Имено, евентуалното повлекување ќе значеше и повеќегодишна суспензија од страна на ЕХФ, што дефинитивно беше меѓу главните причини за Словенците да го преиспитаат својот став и да решат да продолжат со натпреварувањето.

На потег е ЕХФ, откако европската куќа на ракометот покрена постапка против Веселин Вујовиќ по жестоките критики кон оваа институција и кон судиите, за што Вујо Мајсторе сигурно ќе биде и соодветно казнет.

Се вчитува...