Реал без тренер во Монтреал, Зидан мораше да се врати во Мадрид

Реал Мадрид се соочи со неочекувани проблеми на почетокот од северноамериканската турнеја откако Зинедин Зидан беше принуден да го напушти „кралскиот тренинг-камп“ и да се врати назад во Шпанија.

Мадридските медиуми кои први ја објавија веста тврдат дека станува збор за лични причини, не откривајќи повеќе детали. Зидан веќе се наоѓал на лет од Монтреал кон Мадрид, а се очекува во текот на денот да бидат откриени повеќе информации, како и кога трофејниот стратег би се вратил назад на тренинзите на својата екипа.

Се вчитува...