Реал брзо се предомисли, „кралевите“ се откажуваат од трансфер на Рудигер

Реал Мадрид ќе се откаже од идејата да го привлече Антонио Рудигер. Германскиот репрезентативец се уште не го обновил договорот со Челси, а тоа го направи атрактивен за многу клубови, вклучувајќи го и Реал Мадрид, но на „Сантијаго Бернабеу“ брзо се предомислија.

Според шпанските медиуми, Реал ги смета Давид Алаба и Едер Милитао за предводници на одбраната. Ако се купи нов централен дефанзивец, тој сигурно ќе биде млад. Од друга страна, кралскиот клуб се сомнева дека агентот на Рудигер едноставно се обидува да го искористи интересот на шпанскиот гигант за да му обезбеди поголема плата на својот клиент во друга екипа.

Од Реал Мадрид сигурно не се подготвени да му платат на Германецот 12 милиони евра по сезона, како што бараше неговиот агент. Приоритет за Реал е да го обноват договорот на Милитао, кој сега ќе добива 8,5 милиони евра годишно.

Се вчитува...