Реал даде четири гола за 45 минути, Роналдо ниту еден од нив

Реал Мадрид игра импресивно прво полувреме на Кипар против АПОЕЛ, откако „кралевите“ за 45 минути игра постигнаа четири погодоци.

Интересно, ниту еден од нив не е дело на Кристијано Роналдо, кој сепак несебично му асистираше на Бензема при четвртиот гол на мечот.Карим Бензема ги надмина своите проблеми и псотигна два гола, а по еднаш стрелци беа Лука Модриќ и дефанзивецот Начо.

Се вчитува...