Реал го осигура Валверде до 2025 со рекордна клаузула

Младиот уругвајски фудбалер Федерик Валверде го продолжи договорот со Реал Мадрид, пренесува шпанска „Марка“.

Уругваецот се обврза со мадридскиот клуб до 2025 година, а клаузулата за негов откуп ќе изнесува неверојатни 750 милиони евра. Валверде во Реал Мадрид премина во летото 2016 од редовите на Пењарол, а во првата сезона играше во Б тимот на „кралевите“. Во втората сезона замина на позајмица во Депортиво Ла Коруња, а летото 2018 стана член на првиот тим.

Се вчитува...