Реал го претстави Милитао: Од дете сонував да играм за најдобриот клуб во светот

Едер Милитао од денеска и официјално е член на Реал Мадрид, откако бразилскиот дефанзивец беше претставен како најново засилување на „кралскиот клуб“. Тој доаѓа во Реал од редовите на Порто за сума од 50 милиони евра, уште повеќе зголемувајќи ја конкуренцијата во одбранбената линија во која Зидан веќе ги има на располагање Рамос, Варан, Начо и Валјехо.

Уште од дете сонував еден ден да заиграм за најдобриот клуб во светот. Благодарение на претседателот ми се укажува ваква шанса, ќе сторам се за да ја оправдам довербата, се надевам дека ќе имам одлична сезона и дека заедно ќе испишеме нови страници во историјата на Реал. Хала, Мадрид“ – гласеше првата изјава на Милитао.

Флорентино Перез не го криеше задоволството од ангажманот на 21-годишниот фудбалер, кој важи за еден од најперспективните во светот на својата позиција.

„Доаѓаш во Реал на 21 година, по одлична сезона во Порто и како актуелен шампион на Јужна Америка. Те бараа многу клубови, а ти го избра токму Реал, затоа денеска те пречекуваме како еден од најдобрите светски дефанзивци“ – истакна претседателот на најтрофејниот европски клуб.

Се вчитува...