Реал го претстави Родриго: Дојдов во најголемиот клуб во светот

Младиот Бразилец Родриго и официјално е нов член на Реал Мадрид. Тој доаѓа од Сантош и треба да биде влог во иднината за „кралскиот клуб“. 18-годишниот напаѓач е импресиониран од „Сантијаго Бернабеу“ и вели дека доаѓа во најголемиот клуб на светот.

„Нема посреќен човек од мене, на 18 години добив можност да бидам дел од најголемиот клуб во светот. Благодарност до раководството на Реал Мадрид за довербата, се надевам дека ќе ја оправдам со добри игри во наредниот период. Верувам дека ќе имаме многу заеднички успеси, фудбалот е мојата пасија и комплетно сум предаден на оваа игра“, изјави младиот Родриго.

Тој во првите шест месеци ќе игра за Реал Мадрид Кастилја, вториот тим на „кралскиот клуб“, а потоа се очекува да добие шанса и кај Зинедин Зидан.

Се вчитува...