Реал го продава Иско на „50% попуст“

Иско до пред две сезони важеше за „недопирлив“ фудбалер во Реал Мадрид, а „кралевите“ одбиваа и понуди од по 100 милиони евра, јасно ставајќи до знаење дека немаат намера да го продадат одличниот плејмејкер. Ситуацијата во меѓувреме се промени, тој ретко добива шанса во стартниот тим, а и кога ќе се најде меѓу почетните единаесетмина прикажува игри далеку под очекувањата.

Токму затоа, Флорентино Перез реши да се обиде да го продаде Иско во јануарскиот преоден рок, и тоа на „50% попуст“. Шпанските медиуми јавуваат дека Реал ќе бара 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, а во игра се неколку англиски премиерлигаши. Пеп Гвардиола го гледа Иско како идеален наследник на Давид Силва, а во трката се очекува да се вклучи и Челси, кој ќе има многу пари за трошење по добивањето зелено светло за трансфери.

Реал планира да ги искористи парите од овој трансфер за потоа веќе во јануари да го откупи Кристијан Ериксен од Тотенхем. Данецот е слободен играч на крајот од сезонава, но „кралевите“ стравуваат дека Јувентус би можел да ги мине во таа трка, па сакаат веќе во јануари да го доведат Ериксен на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, за тоа да се случи најпрвин ќе мора да си замине Иско.

Се вчитува...