Реал и Анчелоти во исчекување: Бензема неизвесен за дербито со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид се уште не знае со сигурност дали Карим Бензема ќе биде на располагање за натпреварот против Атлетико Мадрид овој викенд. Бензема заработи повреда на мускулот за време на победата над Реал Сосиедад минатото коло и не играше на дуелот со Интер.

Во моментов Бензема тренира во теретана и според „Мундо Депортиво“ тестовите ќе бидат направени во петок.

Анчелоти има и алтернативно решение, па доколку Бензема не е целосно фит, Лука Јовиќ ќе продолжи да го заменува по неколкуте импресивни настапи кои ги имаше неодамна за кралскиот клуб.

Се вчитува...