Реал и Барселона ја канат и Црвена Звезда во нова Суперлига на Европа

Реал Мадрид и Барселона се уште не се откажале од формирање на најавената Суперлига на Европа, без разлика што УЕФА ја доби првата битка.

А, доколку дојде до позитивен исход во акцијата за формирање на Суперлигата, место во натпреварувањето би добила и белградска Црвена Звезда.

„Потенцијалните организатори планираа да вклопат 60 европски клубови во систем, а покрај Црвена Звезда би биле вклучени и Андерлехт, ПСВ и Феенорд“ – пренесува Мундо Депортиво.

Барса и Реал засега немаат јавна поддршка од останатите големи европски клубови. Иако дадоа најпрво поддршка Јувентус, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Интер, Челси, потоа истата беше повлечена од нивна страна.

Се вчитува...