Реал им ги расипува плановите на Атлетико и Барса, и го ангажира суперталентираниот Бразилец

Реал Мадрид е на добар пат да го ангажира суперталентираниот фудбалер на бразилски Фламенго, Реиниер.

17-годишниот Бразилец привлекува во моментов огромно внимание на голем број европски гиганти. Пред само еден месец беше наведено дека е договорен неговиот трансфер во Атлетико Мадрид, а потоа и Барселона истакна интерес. Но, кралскиот клуб сега ги расипува плановите на двата клуба и веќе е пред договор со играчот на кого му се предвидува блескава иднина.

Реиниер е стандарден член на Фламенго запишувајќи досега сезонава 15 настапи за клубот со шест постигнати погодоци. Има договор со клубот до 2024 година, а откупната клаузула е 62 милиони евра. Фламенго, според информациите, сепак би дозволил и негов трансфер за 50 милиони евра.

 

Се вчитува...