Реал ќе го понуди Бејл, плус 85 милиони фунти за Пол Погба

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ францускиот интернационалец Пол Погба. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед долго кокетира со Зинедин Зидан, неодамна имаа средба во Дубаи и тоа повторно ги засили шпеулациите дека се готви овој мегатрансфер.

„Кралскиот клуб“ подготвува нова интересна понуда што до крајот на месецот официјално треба да ја испрати на „Олд Трафорд“. Зинедин Зидан сака да го врати Герет Бејл во Премиер – лигата, а во пакетот ќе вклучи и дополнителни 85 милиони фунти за да го добие Пол Погба.

Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра далеку под очекувањата, Оле Гунар Солскјер веќе создава тим за следната сезона, а во него добро би можел да се вклопи Герет Бејл. Велшанецот оваа сезона одигра 11 натпревари за „кралскиот клуб“, постигна четири гола и забележа две асистенции, но и понатаму не е омилен кај Зинедин Зидан.

Се вчитува...