Последниот натпревар на Реал Мадрид во календарската 2021 година, ќе биде голем предизвик, затоа што тренерот Карло Анчелоти не може да смета на дури 11 фудбалери.
Реал без добар дел од играчите играше и со Кадиз, и направи „кикс“ играјќи без голови, а сега следува уште потежок натпревар – со Атлетик Билбао на Сан Мамес.
Давид Алаба нема да биде подготвен, а нема да бидат во комбинација ниту Бејл, Иско, Марсело, Родриго, Лунин поради коронавирус, повреден е Карвахал, Каземиро суспендиран, Себаљос не е подготвен за „кам-бек“. Нема да биде подготвен ниту Лука Модриќ.
Реал е на врвот на табелата со 43 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА