Реал Мадрид без Бензема и без Бејл во Суперкупот

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на претстојниот Суперкуп на Шпанија кој ќе се одигра како завршен Ф4 турнир во Саудиска Арабија. „Кралевите“ ќе бидат без помошта на Карим Бензема кој заработи повреда на мускулот на десната нога на денешниот претпладневен тренинг, а ќе го нема ниту Герет Бејл кој има проблеми со респираторниот систем.

Реал Мадрид в среда ќе игра во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија против Валенсија во Џеда, а ден подоцна силите ќе ги одмерат и Барселона и Атлетико Мадрид. Финалето е закажано за в недела.

Се вчитува...