Реал Мадрид без Варан против Тотенхем

Реал Мадрид ќе биде дополнително ослабен за утрешниот дуел со Тотенхем откако беше обелоденето дека Рафаел Варан воопшто нема да патува со екипата во Лондон. Францускиот дефанзивец заработи повреда во првото полувреме од дуелот со Џирона, а по неговото излегување „кралевите“ примија два гола, покажувајќи бројни слабости во играта во одбрана.

Во ситуација кога нема премногу опции, Зидан повторно ќе мора да му даде шанса на Начо, иако шпанскиот дефанзивец е предалеку од посакуваната форма.

Покрај Варан „кралевите“ нема да можат да сметаат ниту на услугите на Герет Бејл и на првиот голман Кејлор Навас, но добра вест е што барем Иско (вчера на тренираше) се рехабилитираше од ситната повреда и ќе биде во комбинација за настап на „Вембли“.

Се вчитува...