Реал Мадрид дефинитивно го продава Герет Бејл

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргна во голема трансферна револуција откако минатата сезона не освои ниту еден трофеј. „Кралевите“ веќе купија неколку големи засилувања, Еден Азар, Лука Јовиќ, Милитао, Родриго, а планираат да купат уште еден одличен играч за врска, Пол Погба или Кристијан Ериксен. Веќе се потрошени околу 250 милиони евра, а голем дел од нив ќе мора и да се вратат со продажба на фудбалери.

На „Сантијаго Бернабеу“ дефинитивно падна одлука да се продаде и Герет Бејл. Велшанецот имаше многу лоша сезона, се мачеше со повреди, па иако тој сака да остане во Мадрид, сепак доби порака од клубот дека најдобро е да пронајде нова средина. Од него се очекува Реал Мадрид да инкасира околу 100 милиони евра. Покрај Бејл, на продажба се и Матео Ковачиќ, Хамес Родригез, кои минатата сезона играа на позајмица, но и Лукас Васкез, Маркос Љоренте, Маријано Дијаз, Дани Себалјос и Борха Мајорал.

Се вчитува...