Реал Мадрид добива конкуренција за потписот на Килијан Мбапе

Килијан Мбапе изјави дека ова за него ќе биде последна сезона во Пари Сен Жермен и дека во следната ќе замине од клубот. Како прв фаворит за неговиот потпис се споменуваше Реал Мадрид кој предводен од Зинедин Зидан треба да создаде нов тим со кој ќе се обиде да ја покори Европа.

Сепак, „кралевите“ нема да бидат единствените кои ќе се борат за потписот на еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Англискиот шампион Ливерпул е заинтересиран за услугите на Французинот. Од „Енфилд“ сметаат дека во новата сезона ќе им треба освежување во нападот во кој последните неколку сезони главниот збор го има триото Мане, Салах, Фирмино.

 

Се вчитува...