Реал Мадрид е против преселбата на натпревари надвор од Шпанија

Реал Мадрид е против селењето на дуелот Џирона – Барселона во Мајами и ваквиот став во писмо и го соопштил на Шпанската фудбалска федерација. Според планот, дуелот треба да се одигра во Мајами на 26 јануари и да биде прв од 15-годишниот договор на Ла лига за еден меч во сезона на територијата на САД.

„Прво, би сакале да потенцираме дека според нашите информации, Ла Лига никогаш не побарала дозвола, ниту се консултирала со некого во носењето на одлуката за преселба на мечот. Многу поважно, националното првенство е натпреварување во кое има 20 екипи, не само две и фундаментално е тоа што секој тим треба да игра двапати, дома и во гости бидејќи така се гарантира интегритетот и еднаквоста на играчите и на натпреварувањето. Како резултат на сето ова, Реал Мадрид го искажува цврстото противење на играњето натпревари надвор од Шапнија“ – стои во писмото потпишано од генералниот менаџер на клубот, Хозе Анхел Санчез.

Најгласни досега во противењето на преселба на натпреварите беа фудбалерите, Реал Мадрид е првиот клуб кој отворено објави иста позиција.

Се вчитува...