Реал Мадрид го победи Салцбург со првиот гол на Азар

Реал Мадрид оствари минимален триумф (0-1) против Салцбург на пријателскиот натпревар во Австрија, а победничкиот гол беше дело на новото засилување Еден Азар. Белгиецот конечно го запиша првиот погодок во дресот на „кралевите“. Во 19.минута на фантастичен начин се ослободи од неколку противнички фудбалери и со прецизен удар од 16 метри ја затресе противничката мрежа.

На овој меч дебитираше и Бразилецот Милитао, а првпат во претсезоната настапи и Кашемиро. Герет Бејл и Хамес Родригез воопшто не беа во составот, како и Лука Модриќ.

Се вчитува...