Реал Мадрид го повлекува својот играч од Дортмунд, и го испраќа во Бенфика

Кога Рениер од Реал Мадрид замина на позајмица во Борусија Дортмунд, договорот меѓу двата клуба беше да му се дава минутажа на Бразилецот. Меѓутоа како тоа не се случува, се чини дека „кралевите“ ќе ја прекинат позајмицата во јануари, и ќе го испратат својот фудбалер на друго место.

Рениер Жесус добива премалку минутажа во „црно-жолтите“. Одигра само скромни неколку натпревари, главно влегувајќи од клупата, со што Реал Мадрид се налути и ќе превземе чекори, со цел нивниот играч да има поголема минутажа.

„Кралевите“ веќе стапиле во контакт со Руи Коста, претседателот на Бенфика и веројатно таму ќе го испратат бразилскиот интернационалец кој игра во нападот.

Се вчитува...