Реал Мадрид го позајми Лунин во Валјадолид

Реал Мадрид има одлични голмани, а тренерот Зинедин Зидан одлучи дека најмладиот, Андриј Лунин, ќе мора да замине на позајмица во претстојната сезона од Ла Лига. Украинецот ќе замине во Валјадолид каде ќе има можност за многу поголема минутажа. Првиот човек на Валјадолид, Бразилецот Роналдо, има одлична соработка со својот некогашен клуб.

Од Реал Мадрид во Валјадолид пристигнаа и Жорге де Фрутос и Хави Санчез, а најверојатно ќе дојде и јапонскиот интернационалец Такефуша Кубо.

 

Се вчитува...