Реал Мадрид го пријави Родриго за Лигата на шампионите

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид го пријави тимот за новата сезона во елитното натпреварување. На списокот очекувано се наоѓаат искусните фудбалери, но има и едно изненадување. Станува збор за младиот бразилски фудбалер Родриго, кој со своите феноменални партии во подготвителниот период озбилно го сврте вниманието кон себе.

На дебито за „кралевите“ на пријателскиот меч против Баерн постигна фантастичен гол од слободен удар со што ги воодушеви фановите на клубот.

Список на Реал Мадрид за Лига на шампиони:

Голмани: Куртоа, Ареола

Одбрана: Рамос, Карвахал, Милитао, Варан, Начо, Марсело, Одриозола, Менди

Средина: Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Родригез, Диаз, Иско

Напад: Бејл, Азар, Бензема, Васкез, Јовиќ, Маријано, Винициус, Родриго

Се вчитува...