Реал Мадрид го раскина договорот со Лукас Силва

Шпанскиот гигант Реал Мадрид комплетно го раскина договорот со бразилскиот интернационалец Лукас Силва. Тој дојде како засилување од Крузеиро во 2015 година за сума од 12 милиони евра, но играчот за врска не се наметна на „Сантијаго Бернабеу“ и потоа заминување на заем во други клубови.

Раководството на „кралевите“ постигна согласност со Бразилецот за раскин на договорот една година пред неговиот истек. Лукас Силва беше на позајмица во Олимпик Марсеј и во Крузеиро, а сега е слободен агент и наводно за него е заинтересирана Џенова, клубот на Горан Пандев.

Се вчитува...