Реал Мадрид ја продолжи серијата добри игри во шпанската Ла Лига со рутинска победа од 2-0 над Гранада, со која „кралевите“ се вратија на чело на табелата, со подобра гол-разлика од составот на Џирона. Долгата листа на отсутни фудбалери очигледно не му создава преголем проблем на Карло Анчелоти, кој повторно изротира дел од тимот, но тоа не се одрази врз конечниот резултат.
Џуд Белингем изненадувачки не беше стрелец на овој натпревар, но затоа со фантастичните партии продолжи Родриго, Бразилецот има седум гола и четири асистенции на последните пет средби на Реал и покажува дека е подготвен да ја претвори во гол секоја шанса во која ќе се најде.
Првиот погодок беше дело на Брахим Дијаз по извонредното додавање на Тони Крос, а вториот гол го постигна токму Родриго, по одбиената топка по ударот на Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА