Еден од најдобрите играчи на Ливерпул во последните две сезони, Доминик Собослаи го привлече вниманието на Реал Мадрид и на Манчестер Сити. Сепак, сегашниот негов тим нема намера да се токаже од него, и го убедува Унгарецот да потпише нов договор.
Собослаи во моментов заработува 120.000 фунти неделно, а понудата на Ливерпул ќе биде зголемување на платата од околу 200.00 фунти, и договор до 2030 година. Сегашниот договор на Унгарецот е до 2018 година.
Собослаи оваа сезона покажа дека може да игра на повеќе позиции: од плејмејкер, дефанзивен играч од средниот ред, и десен бек, и се истакна на сите позиции. Исто така постигна два гола и имаше четири асистенции во 16 настапи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

