Реал Мадрид: Куртоа успешно опериран, започнува процес на рехабилитација

За голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа оваа сезона е завршена. Само што се врати од тешката повреда на лигаментите, белгискиот интернационалец се повреди на тренинг на „кралевите“, односно настрада менискусот на десното колено.

Голманот денеска беше на нова операција, и сега следува рехабилитација. Најновите прогнози се дека ќе паузира најмалку два месеци. Сезоната за него веројатно е завршена, а во прашање е настапот за Белгија на Европското првенство во Германија.

Куртоа на самиот почеток од сезоната ги скина лигаментите на коленото, по што голот на Реал сезонава го чуваа Андреј Лунин и Кепа Аризабалага.

Се вчитува...