„Реал Мадрид не е само тим, не сме само пријатели, ние сме фамилија“

Реал Мадрид кој веќе ја осигура титулата во Ла Лига забележа нова победа во елитниот шпански шампионат славејќи со убедливи 4-0 на гостувањето кај Гранада во натпревар во кој мрежата ја тресеа Фран Гарсија, Арда Гулер и два пати Брахим Дијаз.

Дваесетичетиригодишниот Мароканец по натпреварот говореше за медиумите каде имаше интересна изјава за атмосферата во тимот, а го спомена и Лука Модриќ.

„Реал Мадрид не е само тим, не сме само пријатели, ние сме фамилија. Ова се моите браќа. Му благодарам на Лука Модриќ“, истакна Дијаз кој последниот гол го постигна токму на асистенција на фантастичниот Хрват.

Реал Мадрид до крајот на сезоната ќе се бори за уште еден трофеј, овој во Лигата на Шампионите каде за противник „кралевите“ ќе ја имаат Борусија Дортмунд.

Се вчитува...