Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез нема да замине од „Сантијаго Бернабеу“ во зимскиот преоден рок, открива шпанскиот весник „АС“. Тој одигра само седум меча во Ла Лига оваа сезона поради повреда, но Зинедин Зидан сепак сака да го задржи до крајот на шампионатот во составот на „кралевите“. Французинот му порача на раководството да го задржи одличниот играч за врска кој претходно беше на позајмица во Баерн Минхен, а се врати на стартот од сезоната во Мадрид.
Хамес Родригез има актуелен договор со „кралскиот клуб“ до 2021 година. Постојано се пишува за негово евентуално заминување, но најверојатно ќе остане на „Бернабеу“ оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА