Реал Мадрид нема намера да задржува незадоволни играчи по секоја цена и Иско веќе во јануари ќе го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Од сезона во сезона минутажата на Шпанецот се намалува, а со тоа се зголемува неговото незадоволство кое кулминираше на мечот против Гранада.
Имено, и покрај тоа што беше испратен на загревање од страна на Карло Анчелоти, 29-годишникот повторно не беше дел од замените па во знак на протест седна на клупата. Иско до крајот на мечот сепак доби шанса, но не успеа да ја искористи во најдобро светло.
Иско е дел од Реал Мадрид од 2013 година каде пристигна од Малага, а засега останува непознато која ќе биде неговата следна дестинација. За неговите услугите беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, но дали ќе дојде до овој трансфер останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА