Реал Мадрид нема пари за Хезоња, Хрватот заминува кај Атаман?

Хрватскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Марио Хезоња одбил две понуди за продолжување на договорот со „кралскиот клуб“, открива шпанскиот медиум „Марка“. Причината за тоа е финансиската страна од која 28-годишниот крилен центар воопшто не е задоволен.

А, пак Шпанците „штедат“ на Хрватот со оглед на тоа што сакаат во тимот да ги задржат центрите Еди Тварес и Винсант Поарие кои оваа сезона се клучен дел од лидерот на Евролигата.

Шпанските медиуми откриваат и дека Хезоња има богата понуда од Панатинакос, неговиот поранешен клуб вредна два милиони евра по сезона. Хрватот не ја крие поврзаноста со грчкиот тим каде брзо стана и миленик на навивачите па се поголема е веројатноста дека ќе се врати во Атина.

Се вчитува...