Реал Мадрид незадоволен: Ова е лудост, играчите ќе бидат „убиени“

Европскиот првак Реал Мадрид цврсто е против новиот формат на Светското клупско првенство со 32 екипи, што ќе се случи првпат идното лето 2025 година во САД.

Решението на ФИФА за промена на овој турнир предизвика негативна реакција кај поголемиот дел фудбалери и клубови, вклучително и Реал Мадрид. Од таму истакнуваат дека со тоа, сезоната ќе биде предолга, а ќе има и премногу натпревари.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ имаат причина да бидат нервозни поради големиот број на натпревари кои може да ги одигра. Неверојатно, но идната сезона Реал може да одигра дури 72 меча.

Само на Светското клупско првенство Реал може да има седум меча (ако стигне до финалето), а и новиот формат во Лигата на шампионите ќе го зголеми бројот на натпреварите. Исто така се враќа и Интерконтиненталниот куп на 18 декември, а Реал ќе игра и во УЕФА Супер-Купот.

Се вчитува...