Реал Мадрид објави кога ќе биде промоцијата на Мбапе

Реал Мадрид најавува спректакуларна промоција на својата нова ѕвезда, францускиот капитен Килијан Мбапе. Од идниот месец, официјално, играч на „кралскиот клуб“ ќе биде  Мбапе, а промоцијата на францускиот репрезентативец ќе се одржи на 16. јули, два дена по финалето на Европското првенство.

Претставувањето ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабе“ и клубот очекува трибините да бидат исполнети до последното место.

Во 2009 година, кога беше претставен Роналдо, се собраа околу 80 илјади навивачи на Реал, па најверојатно така ќе биде и сега. Сепак, престојот на Мбапе во Мадрид ќе биде краток бидејќи веднаш потоа ќе замине на одмор, а нема да биде со тимот и на турнејата низ САД.

Првиот официјален натпревар Мбапе во дресот на „кралевите“ се очекува да го има на европскиот суперкуп против Аталанта.

Се вчитува...