На аргентинскиот крилен кошаркар Габриел Дек ќе му биде потребна операција на левото рамо. Тоа значи дека 31-годишниот играч нема да му биде на располагање на тренерот Педро Мартинез во наредните неколку месеци што претставува голем удар за „Лос Бланкос“ по катастрофалниот старт на сезоната.
Реал ги загуби првите три натпревари во Евролигата пред тешко да дојде до победа против Партизан, тим кој имаше проблеми со реализацијата. Дек нема настапено уште од 1. октомври и поразот на гостински терен од Хапоел Тел Авив.
„Прегледите извршени од медицинскиот тим на Реал Мадрид врз нашиот играч Габриел Дек покажаа предна нестабилност на левото рамо по претрпено исчашување. Тој ќе биде подложен на операција во наредните денови“, соопштија од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
