Гвардиол потпишува со Сити до 2031 година

Нов договор до јуни 2031 година е договорен помеѓу дефанзивецот Јошко Гвардиол и Манчестер Сити. Сегашниот договор на Хрватот истекува за две години, а Реал Мадрид односно неговиот нов тренер Жозе Мурињо се надеваше дека може да го добие потписот, и да ја засили одбраната.

Се е веќе договорено, останува само да се финализира, односно Манчестер Сити да ја објави новата соработка. Не е познато дали Сити ќе чека крај на Светското првенство, или ќе го објави во следните неколку дена.

Реал Мадрид сега ќе мора да се фокусира кон нови решенија во одбраната. Како што е познато, Мурињо веќе ги договори Ибрахима Конате од Ливерпул, и Дензел Думфрис од Интер како нови играчи на „кралевите“.

Се вчитува...