Реал Мадрид плаќа 60 милиони евра за новото чудо од дете, Едуардо Камавинга

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во финална акција за ангажман на суперталентираниот француски фудбалер Едуардо Камавинга. Раководството на „кралскиот клуб“ подготви понуда од 60 милиони евра за 17-годишниот фудбалер на Рен кој е голема желба на тренерот Зинедин Зидан. Претседателот Флорентино Перез е уверен дека Камавинга во иднина ќе биде голема ѕвезда на светскиот фудбал и подготвен е да инвестира во него.

„Кралевите“ би го платиле трансферот на Камавинга на две рати, првата ова лето, а втората следното, кога Камавинга еќе ќе биде полнолетен и би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“.

Покрај Реал Мадрид, за талентираниот фудбалер на Рен се интересираа и Барселона и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...