Реал Мадрид подготви 150 милиони евра за Роберт Левандовски

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски од Баерн Минхен е првата трансферна цел на Флорентино Перез за летниот преоден рок, откриваат медиумите во родната земја на напаѓачот. „Кралевите“ веќе имале првични контакти со Левандовски, кој го смени својот досегашен агент и го најми Пини Захави за нов застапник. Иако Полјакот има актуелен договор до 2022 година, Флорентино Перез верува дека понуда од 150 милиони евра ќе биде доволна за Баерн Минхен да одлучи да го пушти својот одличен голгетер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не би сакал да размислувам сега за тоа. Имам договор со Баерн Минхен и се наоѓаме во текот на сезоната во која јуришаме на многу трофеи“, изјави Роберт Левандовски.

Сепак, шпекулациите велат дека тој е подготвен да ја напушти „Алијанц арена“ ова лето и да побара нов предизвик во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...