Реал Мадрид покажа моќ против Валенсија во Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид ја совлада Валенсија со 3-1 во првиот полуфинален меч од Суперкупот на Шпанија што се игра во Џеда, Саудиска Арабија. „Кралевите“ во финалето кое е на програмата в недела, ќе го очекуваат подобриот од утрешната полуфинална пресметка меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Тони Крос со фантастично изведен корнер погоди директно од аголот надмудрувајќи го противничкиот голман Доменех во 15.минута од натпреварот. Иско во 39.минута зголеми на 0-2, а третиот гол за „кралевите“ го постигна Лука Модриќ во 65.минута.

Во судиското продолжение Валенсија стигна до почесен гол од пенал, а стрелец беше Дани Парехо.

Се вчитува...