Реал Мадрид понуди 145 милиони фунти за Погба

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во нова офанзива за ангажман на францускиот интернационалец Пол Погба. „Кралскиот клуб“ понуди 145 милиони фунти за играчот за врска на Манчестер Јунајтед и се надева дека ќе добие потврден одговор од англискиот клуб. Трансферниот прозорец во Премиер – лигата завршува на 8 август, а Јунајтед веќе ги има договорено и двете опции за пополнување на маневарот.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ги ангажираат Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон и Сергеј Милинковиќ – Савиќ од Лацио.

 

Се вчитува...