Реал Мадрид продолжува со победите

Реал Мадрид продолжува со победнички ритам во „Ла Лига“, откако „кралевите“ попладнево рутински славеа над Еспањол со 2-0.

Тимот на Зинедин Зидан доминираше во однос на гсотите од Барселона, заслужено поведувајќи со 1-0 пред крајот на полувремето со погодокот на Рафаел Варан. Во вториот дел во главна улога беше Карим Бензема, кој најпрвин не реализираше две шанси, но во третиот обид одлично се снајде и ја смести топката во мрежата на гостинскиот состав.

На десетина минути до крајот Реал остана со фудбалер помалку на теренот откако левиот бек Менди беше исклучен поради два жолти картони.

Се вчитува...