Реал Мадрид прв до билет за фајналфор

Онака како што доликува, актуелниот европски првак Реал Мадрид прв обезбеди билет за фајналфор турнирот во Евролигата што следниот месец ќе се игра во Виторија, Шпанија. „Кралевите“ и без помошта на Серехио Љуљ го елиминираа Панатинаикос, и тоа со убедливи 3-0 во победа откако вечерва и во Атина беа подобри од грчкиот гигант, славејќи со 82-89.

Мечот беше израмнет се до последната четвртина, кога Реал презеде контрола, Ајон постигна осум поени, а кога тројки погодија Тејлор, Рендолф и Кампацо, јасно беше дека приказната за ПАО е завршена. Рик Питино се обиде со бројни лични грешки во последната минута да направи пресврт, но „кралевите“ беа прецизни од линијата за слободни фрлања и ја осигураа победата.

Кампацо осствари дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенции, 16 поени постигна и Руди Фернандез, додека Ентони Рендолф го заврши мечот со 14 постигнати поени.

Се вчитува...