Реал Мадрид сака во НБА – барање за влез во Источната конференција

Флорентино Перез со Реал Мадрид освои се што можеше на фудбалски план, со кошаркарскиот клуб исто така се искачи на врвот на Европа, но првиот човек на „кралскиот клуб“ не крие дека има неостварена желба – под негово водство Реал да стане дел од НБА-лигата. Перез минатата година се сретнал и со првиот човек на НБА, Адам Силвер, дискутирајќи на оваа темма, но проблем претставувал фактот дека освен Реал ниту еден друг европски клуб не е заинтересиран да стане дел од НБА.

„НБА има идеја – да создаде европска конференција, но проблем е што нема заинтересирани. Ние сме единствените што сакаме да бидеме дел од најсилната лига во светот. Разговарав со Силвер и испративме официјално барање да станеме дел од Источната конференција, но бевме одбиении со порака дека треба да почекаме за таква желба да се појави низ повеќе клубови во Европа. Сепак, јас не се откажувам, продолжувам да работам на реализацијата на оваа идеја бидејќи ние сме Реал Мадрид и секогаш сакаме да бидеме дел од она што е најдобро во светот“ – изјави Перез.

Се вчитува...