Реал Мадрид се насочи кон Дони ван де Бек

Реал Мадрид полека го губи интересот за Пол Погба, кој се чини дека е прескап проект, а се насочува кон алтернативни решенија во средниот ред.

Тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, е заинтересиран за младиот играч за врска на Ајакс, Дони ван де Бек. Тој имаше одлични изданија во Лигата на шампионите минатата сезона, постигна и одлучувачки голови и му падна во око на популарниот Зизу.

Реал Мадрид за Ван де Бек е подготвен да плати 50 милиони евра. Холандскиот клуб ќе мора да се соочи со заминување на неколку клучни фудбалери, но секако дека сериозно ќе ја разгледа одличната понуда за Дони ван де Бек.

Се вчитува...